Ако е бал, нека е маскенбал

Францускиот литерарен гениј Марсел Пруст некаде има речено: „Оставете им ги убавите жени на мажите без фантазија“…

Не ми е намерата да ја проблематизирам оваа елиптична мисловна бравура на Пруст како потенцијално навредлива за убавите жени; а уште помалку да влезам во расправија што би била полна со машки предрасуди за тоа што се смета, ако воопшто не постои, убавина кај жените – но цитатот ми се виде како извонредна парабола за состојбата со македонската политика: политиката, имено, во Македонија, никако не спаѓа во категоријата на која било прустовска дефиниција за „убавите жени“, па затоа со неа не е препорачливо да се занимаваат политичари без фантазија!

Токму така: Македонија со децении најчесто произведува компликувани (да не кажам неубави) политички ситуации кои бараат ангажман на политички лидери со исклучително развиена имагинација. Таков политички лидер, несомнено, е Зоран Заев.

Според тоа, кога ќе ја видите „раскошната убавина“ на резултатите на овие избори и кога ќе ви помине желбата, од која било партиска перспектива, да се прашате што будала народ живее во оваа држава за да (не) гласа вака и за „овие“, ви препорачувам веднаш да се зафатите со анализа на фантазијата на Заев за тоа како ќе ја реши и оваа, уште една во низата „вратоломни“ ситуации, во полза на подобрата перспектива на нашата грда, мила, македонска политичка реалност…

Во таа смисла, предлагам една, можеби имагинарна, но работна хипотеза: во опозиција на идната влада на Македонија ќе останат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, на кои друштво ќе им прават нашите пресни парламентарни леви национал-социјалисти. Вмровците за да си ги „лижат“ раните од уште еден во низата изборно-референдумски порази во „ерата на Заев“ (што рече некој на Фејсбук, за нив, и на овие избори: „Да не е СДСМ, ние сме победници!“), а ДУИ за да размислува барем еден опозициски мандат како им се случи „итриот предизборен ултиматум“ за „премиер Албанец“ да им се удри постизборно од глава…

колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука

Back to top button
Close