Тошковски: Ако може да се расветлат убиства, може да се најдат и сторителите на опожарените возила
Ако може да се расветлат убиства, може да се најдат и сторителите на опожарените возила како во Штип, така и во државата изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошкоски, кој одговараше на новинарско прашање дали се расветлени случаите со запалени возила во Штип, меѓу кои и на поранешниот началник на Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип.