Aко не избркаат низ врата, ќе влеземе низ прозорец, вели Меџити

ДУИ не е поделена, но е обезличена од луѓе катапултирани во врвот на партијата и извршната власт, кои немаат никакво знаење за програмата на партијата и минатото на ОНА. Ова го изјави Изет Меџити, потпретседателот на ДУИ и претставник на познатата „Огнена група“ на синоќешната средба со членовите на ДУИ од Чаир. Меџити рече дека нема сила која може да ја тргне оваа група од ДУИ, и додаде „ако не избркаат низ врата, ќе влеземе низ прозорец“. Тој рече дека битката ќе продолжи додека партијата не се врати на првобитните идеали на кои е основана.

„Ова ДУИ обединето околу вистинската идеја, околу авторитетот на лидерот е нападнато од пропагандната машина на узурпаторите кои со својата ароганција успеаја да се наметнат во ДУИ, и да се катапултираат до највисоките врвови на власта. Така денес ја имаме оригиналната идеја на ДУИ овде, и Артан Груби од другата страна“, вели Меџити.

Меџити излезе со други обвинувања против Груби за злоупотреба на граѓанското движење „Разбуди се“ за лични интереси, но и за злоупотреба на името на ОНА во сите негови настапи.

„Кога ја градевме партијата, тој заработуваше добра плата за да не му се наруши удобноста ниту за момент, а кога остана без работа се сети дека може да ја злоупотреби невладината организација за да се наметне на политички партии. Да, да, Артан Груби отворено се нудеше кај лидерите на политичките партии кој ќе му ги отвори вратите“, додава Меџити.

Повеќе

Back to top button
Close