Ако падне договор СДСМ АЛИЈАНСА и ДУИ ќе и отстапат три министерски ресори на АА

Фото: ТВ21/принтскрин

Министерствата за здравство, образование, земјоделие, правдa и екологија се ресорите, од кои три ќе ѝ бидат понудени на  Алијанса за Албанците да стане дел од Власта објави слободен печат.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска напладне закажа средба во Владата со в.д. претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари.

Ако дојде до договор Алијанса да стане нов владин партнер и во зависност од договорот на министерствата ќе зависат и трите заменик-министерските позиции кои ќе ѝ припаднат на партијата на Таравари. Во игра се заменик-министерските функции за правад, за труд и социјала и за транспорт. Алијанса бара и 30 директорски позиции, но нема потврда колку ќе добие.

Трите владини партнери СДСМ, ДУИ и Алтернатива ќе треба да отстапат по едно министерско мест за Алијанса.

Неофицијално, за ресорот здравство со кој раководи Беким Сали од Алтернатива нема никаква дилема дека ќе биде понудено на Алијанса, ДУИ е во дилема дали да се збогува од ресорот образование или животна средина а, СДСМ меѓу правда и земјоделие.

Освен распределбата на ресори, од Алијанса брифираат дека клучно за влез во Владата ќе биде и главните програмски определби на партијата да станат дел од владината програма. Алијанса ќе инсистира при отворањето на Уставот за влез на Бугарите во преамбулата во пакетда оди и замената на формулацијата „20 отсто“ со албански јазик, за што како што велат, веќе е договорено. Алијанса ако стане дел од власта ќе настојува веднаш по влез во Владата да се донесат пакет закони од правосудсвото во делот на борба со корупција, проекти од образованието, здравството…

Back to top button
Close