Ако патувате за Халкидики: Целосно се затвора обиколницата кон Солун во двата правци
Од петок, 26.06.2026 во 23:00 часот до недела, 28.06.2026 во 23:00 часот, сообраќајот ќе биде целосно прекинат во двата правци на дел од обиколницата Солун, поради работи на проектот за надвозник, објави Грчка инфо.

– Западен правец (кон центарот на градот Солун)
• Затворено од 26.06.2026 во 23:00 часот до 28.06.2026 во 23:00 часот.
– Источен правец (кон аеродромот и Халкидики)
• Затворено од 26.06.2026 во 23:00 часот до 28.06.2026 во 23:00 часот.
– Надвозник Пилеа – Панорама
• Затворено од 27.06.2026. од 05:00 до 28.06.2026 во 23:00 часот.
Сообраќајот ќе биде пренасочен по алтернативни патишта низ градот.






