АКО СЕ  КАЧИШ ВО ПОГРЕШЕН ВОЗ НЕ   МОЖЕШ ДА СТИГНЕШ НА САКАНАТА  ДЕСТИНАЦИЈА!  

ПОВОД Написот на Ристо Никовски којј Нова Македонија одби да го објави и  написот Што сакаа  Бугарите во Битола, објјавен во две продолженија на порталот ИНФОМАКС

                        Една мудра  изрека гласи ако се  качиш на погрешен воз  сите  попатни станици ќе бидат погрешни и не можеш да стигнеш на саканата дестинација! Македонскиот воз кој беше поставен на погрешен перон повеќе од  три децении талка од една до друга погрешна станица и  залудно се надева дека   ќе стигне на саканата  дестинација ЕУ  Брисел!?  Тоа може да се случи само на воз што го управуваат аматерски машиновозач и аматерски кондуктори!

По средбата што, во почетокот на септември 1992 година, ја имав со Р.Н. кој беше инсталиран  за потсекретар во македонското Министерство за надворешни работи (МНР), иако бев третиран како приправник, без распоред и  без столче   во МНР, во мојот стан, со мојата портабл машина за пишување напишав ПРОМЕМОРИЈА, која беше всушност Платформа за преговори  со Грција, во која покрај останатото,  напишав дека македдонските политичари прават голема грешка со тоа што наместо да го бранат интегралното име Република Македонија, тие го бранат само зборот, односно именката Македонија и  укажав на важноста на одредницата Република  во името!  За жал, Р.Н. тоа го разбра дури по 25 години! Во јавната полемика што ја имаме пред да го разбере значењето на  спомнатата одредница  Р.Н. арогантно ме прекори Коста, името на државата е Македонија! Јасно…?  Во 2017 година, Р.Н. настапи  на некоја ТВ и убаво објасни дека Македонија е име на регион во кој се наоѓа држава со име Република Македонија!  Дипломат кој дури по 25  години ги разбра наведените финеси за името на нашата држава може да се оквалификува како дипломатски аматер кој не само што не ја признава својата грешка  туку се обидува вината за  кор-сокакот во  кој  ја доведоа државата да ја припише на сегашната „аматерска македонска дипломатија!“

,                Р.Н. се обиде да ја демонизира и девалвира мојата Промеморија и доколку немаше мошне силен нагон за фалење  и за лажење, немаше да дознам што се случи со мојот труд!  Утрински Васник во броевите од 15 до 19 ноември 2007 година објави  фелтон од Р.Н. во кој тој мојата Промеморија ја вградил во неговиот Меморандум кој му го предал на претседателот Глигоров,  Уредништвото на Утрински Весник не сакаше да ја објави мојата реакција на фељтонот на Р.Н. кој во тоа време се уште беше   симпатизер на СДСМ. Очиггледно љут  поради разоткривањето на плагирањето на,мојата Промеморија, Р.Н. се  обиде да го демонизира и дискредитира  мојот труд кој според него, вредел „НУЛА!?  Вака може да постапува само бескрупулозен кариерист, ординарен лажго, маниипулатор  и   човек  со голем дефицит на морал! Парадоксот со Меморандумот на Р.Н.доадтно го „забибери“ тогашниот министер за надворешни работи Денко Малески  кој тврди дека тој го подготвил Меморндумот и му го предал на претседателот Глигоров!?  Ајде сега, кому  да му веруваш?

Благоја Анакиевски, кој , за жал, беше тешко ранет во една терористичка акција во југословенската амбасада во Брисел, починатиот Иван Карајанев и јас бевме последни кадри од Македонија кои  испитот за прием во угословенската дипломатија го полагаа во Белград. Поголема група  меѓу кои беше и Р.Н.  приемниот испит го полагаа во Скопје!  Оние кои приемниот испит го полагаа во Белград беа обврзани, пред да бидат распоредени во некое дипломатско-конзуларно претставништво (ДКП) да го положат и дипломатскиот,односно  струшниот  испит/  Јас тој испит го положив  во 1971 година  со просечна оценка  ОДЛИЧЕН и добив Уверение потпишано од претседателот  на  Испитната  омисија, Будимир Лончар, истакнат југословенски и хрватски дипломат. Некои македонски дипломати кои работеа во југословенскаат дипломатија  тврдат дека Р.Н. не  го полагал овој  испит?!

По завршетокот на мојата дипломатска мисија во поарнешната  Чегхословачка  во 1982 година  се вратив во ССНР каде го сретнав Р.Н., кој  ми  кажа дека се враќа  во Македонија каде ќе биде  назначен за посекретар во Републичкиот секретаријат за информации! Во ССНР  Р.Н. работеше како референт   во Управата за економски односи (УПО)  и поради неможноста да  го реши својот статус реши својата кариера да ја гради во Македонија! Иако уште не бев распореден, ме замолија да напишам Платформа за  претстојната посета на  претседателот на  Сојузниот извршен совет (премиер) на СФРЈ Веселин Ѓурановиќ на Чехословачка. Помошникот на Сојузниот секретар за надворешни работи Зденко Свете,  кој беше мошне строг и знаеше да навредува и да омаловажува  документите што ги подготвуваа  дипломатите од  секторот за социјалистички земји од  Источна и централна Европа, Платформата што ја подготвив ја оцени со „написано компетентно и квалитетно“ и веднаш  ме унапреди за специјален советник (функционер во ССНР) во Управата за соседни земји!  Од Македонија не само што немав каква било подршка, туку ми праавеа разни опструкции  и ми одмагаа! Подетално за тоа во мојата книга Криво насадена дипломатија! 

Во 1985 година, три години по напуштањето на ССНР и заминуавњето .во Македонија, во ходниците на ССНР го сретнав Р.Н. кој на мое прашање што бара тука ми одговори Одам за Џакарта, а на мое додатно прашање зошто оди на советнички место, кога се наоѓа на списокот на кандидати за амбасадори од Македонија, тој ми одговори   подобро врапче во рака, отколку гулаб на гранка! Началникот на Кадровската управа Хранислав Маринковиќ со кого мошне добро соработувавме кога тој беше заменик началник на Управата за соседни земји  ме праша  зошто не одам за амбасадор?  Напомна дека овие денови добиле список на  22 кандидати за амбасадори од Македонија  и рече дека тие луѓе не ни одговараат,  ние сакаме за амбасадори да назначуваме луѓе од Куќата (ССНР – м.б.) за кои знаеме како работат.  На неговото прашање одговорив  дека немам подршка од Скопје, а  тој ме праша дали сакам тој  да ме подржи?  Му заблагодарив за подготвеноста  да ме подржи, но реков дека сакам да напредувам нормално како не би предизвикал завист кај луѓето од мојата генеарција  и му го  спомнав  случајот со Богдан Исовски.,  кој  од аташе во југословенската амбасада во Париз беше именуван за амбасадор  во  Боливија  и поради тоа предизвика  огромна завист кај луѓето од неговата генерација, кои му го загорчија животот!

Разликата  меѓу мене и Р.Н.е тоа што тој припаѓа на комунистичката номенклатура која, со назначувањето на потомци на остарената комунистичка елита на клучни места во  државата, претседателот Глигоров  ја ревитализира спомнатата номенклатура! Во јавната полемика што ја имавме  пред неколку години Р.Н.изрази сомневање дали мојот татко е воопшто   писмен на кое одговорив дека најважно е тоа што  мојот татко беше чесен и достоинствен човек кој нема сторено неправда или зло никому, за разлика од татко му на Р.Н. кој бил  кралски стипендист и кој како судија во Ресен потпишал решленија за одземање на пет куќи, три магацини и 63  овошни насади од Атанас (Наце) Котлар кој бил познат  трговец и   производител на овошје од Ресен кој пласирал не само   свое овошје, туку и     овошје и од други производители, во Белград, во Софија и во Александрија (Египат)! Ваквите кусогледи комунистички егзекутори на успешните македонски стопанственици пред Втората светска војна ги  урнаа темелите на кревката македонска економија!  Многу ми е непријатно што пишувам за луѓе кои не се живи, меѓутоа,  ова прашање го покрена  Р.Н!   Многу ми е непријатно и поради тоа што ќе се осврнам и на синот на Р.Н.кој ми остави  впечаток на мошне пристојно, скромно и достоинствено момче, кое  посебно го ценам поради тоа што воопшто не реагираше на написите за него во неои македонски медиуми., Мислам дека би било добро синот на Р.Н. да го замоли својот татко повеќе да не го  „барни“ со неодмерени фалби  и лаги, со што му нанесува само штети!

Во написот ШТО САКАА БУГАРИТЕ ВО БИТОЛА кој е објавен на порталот ИНФОМАКС, со напомена дека Нова Македонија не сакала да го објави! Очигледно Р.Н. не разбира дека весникот Нова Македонија е прв печатен медиум во Македонија кој води сметка за својот углед кај читателите, а не е таблоид во  кој Р Н. или кој било друг може да објвува лаги, фалби и манипулации со  кои се потценува интелигенцијата на читателите! Во спомантиот напис Р.Н.жестоко реагира поради доаѓањето на бугарска делегација  во  Битола каде беше  отворен  Бугарски културен центар,. Меѓутоа, Р.Н.. воопшто на реагираше на  прославата на 700-то годишнината од смртта на српскиот крал Милутин, која се одржа  во Скопје!?  Поради  прославата на 700 години од смртта на кралот Милутинј во Скопје  реагираше само Институтот за национална историја, додека Р.Н.воопшто не реагираше!?  Доколку имаше саглам, а не аматерсак  дипломатија  и доколку беше прифатена понудата на Мојсов да и помогне на Македонија, нашата земја мошне брзо ќе станеше членка на ООН, а потоа и на НАТО и ЕУ, пред или заедно со Бугарија и на тој начин ќе го избегнеше тормозењето најпрво од Грција, а потоа и од Бугарија. Р.Н. очигледно не е свесен или не сака да признае дека неговиот  политички ментор со апсурдната  политика за еквидистанца кон соседите  нанесе катастрофални штети на Република Македонија, која на патот кон ЕУ гледа во грбот на Албанија!

Општопознато е дека кога некој ќе се најде на важна функција за која не е кадарен го загорчува не само својот живот, туку и животот на луѓето околу  него! Со цел да ја прикрие својаат неспособност се однесува како ординарен бирократ и мисли дека сите подредени треба да му се клањаат! Р.Н. се одмаздуваше и ги понижуваше сите  оние кои имаа поуспешни кариери од него во југословенската дипломатија!   Се обиде да ме понижи  со тоа што ми понуди распоред на несоодветно место и што сакаше да ме стави на списокот  за дежурство  во Министерството.   Неговите предлози вехементно ги одбив, а потоа доброволно и достоинствено си заминав од МНР  и пет години бев „на бел леб“!  А, политичкиот ментор на Р.Н. три пати го назначуваше за амбасадор, така што нималку не е чудно што толку упорно  ја  брани „мудрата“ политика на неговиот политичи ментор,  кој нанесе огромни штети на Македонија и на народот!

. Бесрамно лаже дека  Лазар Мојсов не  прифатил  да и помогне на Македонија поради здравствени причини!?. Ваквото  тврдењето на Р.Н е кардинална лага, а вистината е целосно поинааква!!  Братанецот на Л. Мојсов, Андон (Доне) Мојсов  во разговорот што го имавме во 1991 година  ми кажа дека неговиот чичко на покана на борците од Неготино дошол на прославата на  некој јубилеј на боречката организација  од Неготино . По телефон се јавил  во Кабинетот  на претседателот на РМ  и замолил за средба со претседателот Глигоров. Меѓутоа, претседателот  Глигоров  воопшто не реагирал! Во летните месеци 1991 година последен пат го видов Мојсов со торбиче в рака на пазарот во Охрид,  подоцна  разбрав дека  ја продал куќата во Охрид и разочаран си заминал за Белград. На промоцијата на неговата книга Советските и амариканските  водачи во соработка и конфронтација  која се одржала  во МАНУ во 2007 година на тенденциозно  новинарско  прашање зошто не сакал да и помогне на Македонија,  Мојсов одговорил дека тој се понудил ,но неговата понуда не била прифатена од „македонскиот политички врв“!  Само дипломатски аматери не се свесни и не сакаат да признаат дека Мојсов, благодарејќи на личното и семејно пријателство со американскиот претсеадтел Џор  Буш – сениорот,  можеше да даде непроценлив придонес за признаавњето и меѓународното етаблирање на РМ! По уривањето на Берлинскиот ѕид, Џорџ Буш – суверено доминиарше на светската политичка сцена,така што Македонија со подршка од Буш ќе беше ставена на  лента за брзо зачленување најпрво во ООН, а потоа во НАТО и ЕУ и на тој начин ќе ја избегнеше тридецениската голгота што и ја правеа и сеуште и ја прават нејзините  соседи!

Кардинална лага е и тврдењето на Р.Н. дека ЈНА  се повлекла од Македонија по потпишувањето на популистичкиот записник, помпезно наречен Договор Гкигоров-Аџиќ,на основа на кој апологетите на претседателот Глигоров сакаат да изградат култ на спасител на Македонија од војна! Повлекувањето на ЈНА од Македонија започна во јуни 1991 година кога се случи фингираната војна во Словенија, а максимално се интензивира по Референдумот за осамостојување на Македонија кој се одржа на 8 септември 1991 година.  Голема лага е и мантрањето на апологетите на политиките на претседателот Глигоров дека Македонија се осамостоила „без испукан куршум и без жртви“, а се прикриваат фактите дека војникот Сашко Гешовски од Кавадарци беше прва жртва во војните на просторите на поранешна Југославија  и дека  во тие апсурдни војни  загинаа  педесетина  македонски војничиња, што е повеќе од бројот на жртви во фингираната војна во Словенија и тоа на страната на ЈНА!

Памфлетот Глигоров-Аџиќ беше потпишан на 21 февруари 1992 година кога се повлекуваа последните конвои на ЈНА од Македонија и кога смислено  беа инсценирани „судирите“ со ЈНА кај Куманово  со цел да се изгради култот на Спасителот на Македонија  од војна!?  Значајно би било да се напомни дека постои огромна асиметрија на потписниците на таканаречениот Договор Глигоров – Аџиќ (од една страна шеф на држава, а од друга страна началник на Генералштабот на Војската на СРЈ!?)  Неспоредливо позначајниот Кумановски договор, кој беше потпишан на 9 јуни 1999 година со  кој беше окончано бомбардирањето на СРЈ ,беше потпишан од генералот на Војската на Србија Светозар Марковиќ и генералот на српската полиција Обрад Стевановиќ од една страна и бригадниот генерал на КФОР Мајкл Џексон од друга страна!

Најдобра дијагноза за проблемите  околу осамостојуавњето и признавањето на РМ  е содржана во анализата на Берлинскиот институт за демократија кој на основа на анализа на изборите во нашата држава, е  констатирано  дека Република Македонија не  ја сакала н езависноста и дека таа и била изнудена!  Во прилог на ваквата теза  оди и однесувањето на македонското раководство  кон соседна Бугарија и нејзиниот прв демократски избран претседател Жељу Желев. Бугарија беше прва земја која ја призна Македонија, а  Желев имаше важна улога во признавањето на РМ не само од Бугарија, туку и од Руската Федерација. Меѓутоа, Орденот Осми  септември, кој беше доделуван на судии, на министри,  на композитори и на други странски претставници, додека на  Желев му беше доделен дури во 2010 година!?

На крајот би сакал да кажам неколку збпра  за консеквентноста на  Р.Н.  Како син на пријател на првиот македонски пертседател Р.Н. беше инсталиран во врвот на македонската дипломатија на чие  чело беше поставен уште еден син на пријател на првиот македонски претседател, кои не можеа да станат југословенски амбасадори,но сепак беа поставени на челни места во македонската дипломатија  Наместо да се засрамат и да се извинат на македонската јавност  за катастрофалните состојби во кои ја доведоа државата,  спомнати дипломати не се симнуваат од медиумите и мантраат како генерали по загубена битка, ја глорификуваат  „мудрата“ политика на нивниот политички ментор,кој  е носител на членска книшка од СДСМ бр. 0001,  додека  истовремено Р.Н.поради лукративни причини жестоко ги  критикува  политиките  на СДСМ!?  Клиентилизмот на Р.Н. е безграничен!

Скопје, 9 мај 2022 година                                                         Коста Стоименовски

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close