Ако се утврди дека го прекршила Кодексот Дардишта ќе биде разрешена

Доколку се утврди дека Шкордане Дардишта го прекриша Кодексот за етичко постапување на носителите на јавни функции, тогаш ќе биде разрешена од позицијата член на Одборот на директори на Македонски телеком.

Ова го одговорија од Владата на прашањето на „Фокус“ дали Дардишта ќе биде разрешена од позицијата на која беше назначена од страна на Владата, а поради Фејсбук статусот со кој се закани со војна.

-Сите избрани и именувани функционери се должни да го почитуваат Кодексот за етичко постапување на членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од Владата. Во спротивно се покренува иницијатива за испитување одговорност и нивно разрешување, доколку се потврди дека го прекршиле Кодексот. Принципиелно, како и во неколку досегашни случаи, Владата пристапува со сериозност и на овој случај, велат од Владата.

Пред два дена Дардишта, кадар на ДУИ, напиша статус во кој вели дека тие се уште ги чуваат чизмите на таван и дека тие никнале од војна.

-Сѐ уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за час ги вадиме белите патики. Ние не сме сираци, ние сме никнале по војна. Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорите во него, порача Дардишта.

Back to top button
Close