„Ако сум слободен тој период, зошто не, ќе се појавам“ — Мицкоски за поканата од Судот да го сослуша за тужбата на Ристоска

Зошто да не, ако сум слободен ќе се појавам, рече премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали ќе се појави на суд, по одлуката на Граѓанскиот суд да го повика и да го сослуша како странка во постапката за тужбата за клевета што ја поднесе поранешната обвинителка Ленче Ристоска против ВМРО-ДПМНЕ за клевета и навреда.

– Па се разбира, доколку сум слободен во тој период зошто не, немам јас зошто да се кријам, јас сум слободен граѓанин – изјави Мицкоски.

Граѓанскиот суд вчера донесе одлука да му испрати покана на Мицкоски за на 9 октомври да биде сослушан како странка во постапката за тужбата што ја поднесе Ристоска за клевета и навреда против владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, за соопштението во кое Ристоска беше наречена „испостава на СДС и ДУИ“, „човек без отсуство на срам“.

Судијката на вчерашното подготвително рочиште во Граѓанскиот суд во Скопје го прифати барањето на полномошникот на Ристоска, Лазе Сандев премиерот да биде сослушан, бидејќи тој моментално е законски застапник на партијата.

Back to top button
Close