Ако Уставниот суд утре ги застари случаите на СЈО, заборавете на ЕУ, велат дипломатски извори

Ако Уставниот суд на утрешната седница го поништи ставот 5 од членот 353 од Кривичниот законик, со минимум 5 години затвор за министрите и други високи функционери – потписници на незаконски јавни набавки со кои го оштетиле значително државниот буџет, застаруваат сите предистраги, истраги, обвиненија на СЈО, но и пресудени случаи од организиран криминал од 2004 година наваму, откога почнал да се применува.

„Заборавете на членството на Република Северна Македонија во Европската унија ако овој став го поништи Уставниот суд“, е пораката претставниците на земјите членки на ЕУ, кои будно го следат судството и судењата на најголемите корупциски случаи кои пред 4 години ги отвори Специјалното обвинителство, пренесе СДК.

Конечното одлучување се случува по дури 8 месеци откако беше одржана расправата. Со иницијативата се бара ставот 5 веќе да не постои. Поништување би значело затворски казни предвидени со став 1 од истиот член, односно од 6 месеци до 3 години. Тука повеќето од отворените истраги и почнатите судски процеси за вакви кривични дела ќе застарат и ќе се прекинат, бидејќи почнуваат да се пресметуваат други, покуси рокови за застареност.

повеќе

Back to top button
Close