Ако Заев не каже за што тајно преговара во Софија следи блокада на Владата и МНР, се заканува ВМРО-ДПМНЕ

 

Доколку Заев јавно не излезе до вечер за да каже што точно преговара и од што точно се откажува, ВМРО-ДПМНЕ во текот на утрешниот ден ќе организира блокади на Владата и Министерството за надворешни работи, соопштуваат од партијата.

-Го повикуваме премиерот во заминување Зоран Заев јавно да објави пред македонската јавност за што точно тајно се преговара во Софија овие денови? Зоран Заев во интервју за бугарски медиум соопшти скандалозни тези ретуширајќи ја историјата, нашите придобивки од антифашистичката борба, удирајќи по темелите на современата Македонска држава. Дали искажаните позиции за кој не се извини сега се на маса за пазарење со Бугарија?, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Други детали за најавените блокади не соопштуваат.

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close