ЈАКОВ ЈОЗИНОВИЌ ЗА ПРВПАТ ВО МАКЕДОНИЈА!

Регионалната сензација Јаков Јозиновиќ ја најави својата турнеја за 2026 година „Ja za čuda letim“, во чии рамки тој за првпат ќе настапи во Скопје – на 9 април во Арена „Јане Сандански“

Неодамна Јаков ги објави и своите први два сингла „Polje ruža“ и веќе најслушаниот хит во целиот регион „Ja volim“ кој за неколку дена само на YouTube оствари 7 милиони прегледувања, а во Македонија се искачи на самиот врв на листата на најслушани песни на Apple Music. Со овие изданија Јаков го најави новото поглавје во својата музичка кариера, кое ја вклучува и големата регионална турнеја.

Во рамки на турнејата тој ќе одржи концерти во Арена Загреб, дури пет концерти во Сава Центар (Белград), како и настапи во Скопје, Нови Сад, Риека, Сплит, Осиек и Љубљана.
По низа распродадени концерти и извонредни успеси за рекордно време, Јаков Јозиновиќ уште еднаш докажува дека е една од најголемите сензации на современата популарна музичка сцена во регионот.

 

Back to top button
Close