„АКСИОС 2017“ поднесе барање до ДИК за акредитација за мобилни набљудувачи

 Граѓанската организација „АКСИОС 2017“ – Скопје поднесе барање до Државната изборна комисија (ДИК) да и се издаде акредитација за мобилни набљудување на распишаните Парламентарни избори 2020 година, кои ќе се одржат на ден 15 јули 2020 година.

– Имено, како граѓанска организација во прв наврат побаравме акредитација за 796 лица како наши мобилни набљудувачи, кои ќе бидат овластени да ја набљудуваат работата на сите избирачки одбори во сите избирачки места, дефинирани согласно Изборниот законик, како и за набљудување на работата на сите Општински изборни комисии, наведоа од „АКСИОС 2017“.

Од Организацијата ги повикаа сите политички чинители за одржување на фер и демократски избори во кои граѓаните ќе можат непречено и во пријатна атмосфера да си го остварат правото на глас.

Back to top button
Close