„Аксиос“: САД можат да ја вратат процедурата за забрзано депортирање имигранти

–  Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден размислува да ја врати праксата на забрзана депортацијата на семејствата на илегалните имигранти, јави порталот „Аксиос“.

Продолжувањето на праксата на забрзување на протерувањето илегално пристигнати семејства во САД може да доведе до поделби меѓу демократите, бидејќи таа постапка беше особено поддржана од администрацијата на Доналд Трамп.

Администрацијата на Бајден неодамна доби сериозни критики поради зголемениот прилив на луѓе кои се обидуваат илегално да се инфилтрираат во САД од Мексико. Политичките противници на актуелниот претседател наведуваат дека тоа особено се случува поради „премногу мекиот“ пристап на новата Бела куќа кон илегалната имиграција.

Back to top button
Close