Актерката Кристен Стјуарт и писателката Дилан Мејер се свршија

Кристен Стјуарт, актерката од „Спенсер“ – филмот за покојната принцеза Дијана, потврди дека е подготвена да се омажи со својата партнерка, писателката Дилан Мајер.

Кристен ја пофали сценаристката на „Мокси“, со која е речиси две години, што го направила првиот чекор за да ја озваничат нивната врска.

Говорејќи во шоуто на Хауард Стерн на „Сириус Икс-ем“, Кристен Стјуарт потврди: „Ќе се венчаме, ќе го направиме тоа. Сакав да ме запросат, мислам дека многу јасно ѝ кажав што сакам, и таа ми предложи брак. Ќе се венчаме, дефинитивно.“

Среќната вест доаѓа откако Кристен претходно призна дека не можела да дочека да ја запроси својата девојка и дури знаела точно како ќе го постави прашањето.

„Добрите работи се случуваат брзо,“ изјави таа претходно на самиот почеток на нивната врска.

Back to top button
Close