Актерката Силвија Стојановска седна на обвинителна клупа

Во Кривичниот суд во Скопје денеска почна судењето за актерката Силвија Стојановска и нејзиниот партнер Воислав Будисавјевиќ кои се обвинети за производство и пуштање во промет наркотични дроги. Според обвинението, тие организирале транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.

„Во текот на истрагата Обвинителството утврди дека во периодот од јули 2019 година до 18.12.2019 година обвинетите, заедно со тројцата обвинети во Кралството Шпанија, од кои едниот е македонски државјанин, брат на првообвинетиот, како и повеќе лица, зеле учество во неовластено купување, пренесување и продавање кокаин во вкупна количина од 698.758,1 грама. Обвинетите подготовувале и организирале неовластено купување, превезување и сместување на кокаинот од Р. Колумбија до Мадрид, Кралството Шпанија, и барале купувачи на неа“, соопшти Обвинителството.

Според обвинението, двајцата користеле специјални телефони со заштитени канали за комуникација и мобилни апликации со безбедни канали.

Освен Стојановска и Будисавјевиќ, во транспортот на кокаинот биле вклучени и странски државјани од САД и Шпанија.

Back to top button
Close