Актерот Кили починал во сон од инфаркт. Ќе почива покрај океанот во Еквадор
Семејството и пријателите се збогуваат со нашиот легендарен актер Кирил Поп Христов-Кили, кој вчера почина на 58-годишна возраст. Тој починал од инфаркт, во сон.
Поп Христов од 2014 година живееше во Еквадор. Иако беше далеку од татковината, често се враќаше во Скопје, но последната година и половина од животот ја помина во Еквадор.
Сопругата на големиот уметник и актерска легенда јавно ја потврди смртта на сопругот, збогувајќи се преку неколку заеднички фотографии со него и со ќерките. Со зборови беше куса во јавното збогување, само напиша:
Во времето кога се запознале во нејзиниот роден град Нови Сад, таа веќе била во брак од кој ја има ќерката Нина Деан, која денес е позната актерка. Веднаш им се родила голема љубов со Кили, по што таа се пресели во Македонија и ја добија ќерката Јоана.
Откако во 2014 година заминаа во Еквадор, Гордана и Јоана се немаат вратено во Македонија, додека Кили неколкупати доаѓаше и пак заминуваше во Еквадор. Во јавноста ќе остане запаметен како вечно момче со нескротлив дух, но и како вечен бунтовник со голем актерски талент.
Кирил Поп Христов е роден на 30 јули 1967 година во Скопје. Актерската кариера ја започна по дипломирањето на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што дипломираше актерска игра во 1989 година.
Од 1993 до 2014 година беше дел од ансамблот на Македонскиот народен театар, каде што остави значаен траг со бројни улоги на сцената.
Публиката ќе го памети и по неговите филмски улоги во „Панкот не е мртов“, „Бал-кан-кан“ и „Тетовирање“.
Во 2015 година откри дека поради борбата со рак се преселил во Еквадор.
08:28





