Актерот Ѓорги Јолевски добитник на наградата Гран при на Фестивал на монодрама во Битола

– Актерот Ѓорги Јолевски е годинешен добитник на највиското фестивалско признание наградата Гран при, како и на наградата за најдобра режија на Фестивал на монодрама „Битола 2021“.

Според одлуката на стручното жири, Јолевски наградите ги доби за монодрамата „Последната лента на Крап“ од Самјуел Бекет, во која ток е актер и режисер, копродукциски проект на МНТ Скопје и Перипетија Продукција од Скопје.

Со одлука на жирито во состав на Весна Петрушевска, Тодор Кузманов и Љупчо Ѓоргиевски-Бубе, награда за најдобар актер се доделува на Биљана Драгичевиќ Пројковска од Драмски театар-Скопје за претставата „Кармен“од Мигел Делибас, во режија на Дејан Пројковски, а наградата од публиката му припадна на актерот Ефтим Трајчов Ѓаурски за монодрамата „Избувливиот човек“ од Чехов во режија на режија Перо Даниловски, проект во продукција НУЦК „Бели Мугри“ Кочани.

Наградите на најдобрите актери ќе им бидат доделени вечер на театарската сцена „Благоја Стефановски-Баге“ во Битола, на која во чест на наградените премиерно ќе биде изведена претставата „Луди за љубов“, информираа од НУ Центар за култура-Битола, домаќин и организатор на Фестивалот на монодрама во овој град.

Back to top button
Close