Актерот Радован Миљаниќ ја загуби битката со тешката болест

Познатиот српски театарски актер Радован Миљаниќ почина денеска на 69 -годишна возраст по долга и тешка болест, објавија српските медиуми.

Филмскиот, театарскиот и телевизискиот актер беше долгогодишен член на ансамблот на Народниот театар во Белград.

Радован Миљаниќ е роден на 24 февруари 1952 година во Панчево. Во текот на кариерата одигра многубројни улоги на сцената на матичниот театар, меѓу кои се издвојуваат оние во претставите „Голема драма“, „Тесла или адаптација на ангелите“…

Покрај театарот, има остварено голем број улоги на телевизија и на големото платно. Првата улога ја одигра во 1972 година во ТВ-филмот „Синови“. Играше во познати серии, како што се „Сивиот дом“ и „Подобар живот“, но и во филмови, како што се „Чавка“ или „Директен пренос“.

Минатата недела бил и на пробите и се подготвувал да глуми во претставата „Нечиста крв“.

Back to top button
Close