„Актив“ и „Арија“ се двата старски домови со кои управувала иста сопственичка каде што биле тепани и малтретирани стари лица

„Актив“ и „Арија“ се двата приватни старски домови во кои сместените стари лица биле малтретирани, понижувани и им се вршело психичко и физичко насилство, неофицијално пренесува „Фокус“.

Според податоците од Централниот регистар, како сопственички на домот за стари лица „Актив“ фигурираат Наташа Јовановиќ и Тимка Иванова, двете од Скопје, против кои е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за сторени кривични дела „продолжена злоупотреба на службената положба и овластување“ и „малтретирање во вршење на службата“.

Вториот дом за стари лица „Арија“ , кој е лоциран во скопски Бутел, исто така како негов сопственик фигурира Наташа Јовановиќ, која најверојатно управувала и со двата старски дома. Како нејзин партнер во сопственичката структура е Новица Велковски.

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Н.Ј.(47) и Т.И. (58), двете од Скопје поради основано сомнение за сторени кривични дела „продолжена злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 и „малтретирање во вршење на службата“ од член 143 од Кривичниот законик.

Повеќе

Back to top button
Close