Активен пожар кај месноста Губенек во беровско Русиново

Во беровското село Русиново се уште е активен пожарот кај месноста Губенек. Во неговото гасење учествуваат екипи на Територијалната противпожарна единица од Берово и Национални шуми.

Како што информираше Сашко Руменовски, командир на ТППЕ Берово, во пожарот е зафатена мешана шума и сува трева.

-Пожарот е пријавен околу 15.30 часот. На самото место се една екипа од нашата единица и една екипа од Национални шуми. Засега пожарот во кој е зафатена сува трева и мешана шума се уште е активен, но очекуваме дека до крајот на денот ќе биде локализиран, изјави Руменовски.

Апелираше населението да не ги чистат нивите со палење на стрништата затоа што тоа претставува голема опасност во период кога има ветер.

Back to top button
Close