Активен пожарот кај крушевско Борино, под контрола е на Јаесен и кај село Белица

До 18:00 часот денеска, регистрирани се вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, еден е под контрола, а 12 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.
Активен пожар има кај крушевското село Борино каде што е запалена ниска вегетација.
Под контрола е пожарот во Општина Македонски Брод – кај месностите Дабова Дупка – Јасен и Кајорец, и селото Белица, каде што е зафатена нискостеблеста и мешана борова шума.са/






