Активисти донесоа гилотина пред куќата на Џеф Безос во Вашингтон

Активисти кои протестираат пред куќата на основачот и извршен директор на „Амазон“ Jеф Безос во Вашингтон, барајќи забрана за работата на неговата корпорација, донесоа гилотина

На видео објавено на Твитер се прикажани двајца демонстранти кои стојат веднаш до гилотината – симбол на неколку револуционерни движења од 19 век.

-Кога сме загрозени и кога нашиот глас не се слуша, време е да повлечеме ножеви, викна еден од демонстрантите на мегафон.

Постерот што повикува на протести гласи: „Поддржувајте ги сиромашните, а не богатите“.

Настанот во саботата беше објавен на Твитер. Постерот ја обвинува „Амазон“ за надгледување на вработените со помош на полицијата, поттикнување „расистички стравови“ и уништување на синдикатите.

-Амазон го отпушти и расистички го наклевети лидерот на синдикатот Крис Смолс. „Придружете ни се, за на Безос да му кажеме доста беше “, се наведува на постерот.

Крис Смолс беше отпуштен откако протестираше поради лошите работни услови за време на пандемијата на коронавирусот.

Компанијата претходно беше обвинета за уништување на синдикатите, за лоши услови за работа и за ниски приходи на вработените.

Безос важи за најбогатиот човек во светот, чии средства се проценуваат на повеќе од сто милијарди долари.

Гилотината е еден од симболите на Француската револуција од 1789 година, кога Јакобинците ја соборија монархијата и ги осудуваа аристократите и непријателите на режимот со обезглавуваwе.

Back to top button
Close