Активисти од Тетово алармираат за опасноста од отровите за кучиња

 Група активисти постави постери низ Тетово со цел да ја алармира јавноста поради несовесните поединци кои со оставање на отрови за бездомните кучиња во опасност ги доведуваат животите и на децата како и другите луѓе.

Повод за нивната ваква акција е неодамнешното труење на бездомни кучиња во паркот во Ајдучко маало.  На постерите стојат натписите  „Денеска куче, утре дете“, „Стоп за отрови, убијци видени сте“, „Поставување отрови е кривично дело“, како и фотографии за опасноста.

-Затоа што градот ништо не презема, ние пробавме на некој наш начин барем да се подигне свеста за опасноста на отровите по животот на децата, затоа што тоа сепак се случи во парк каде што преку ден е преполно со деца. Но и едноставно ако на некој му сметаат уличните кучиња постојат установи каде што можат да се жалат, а не да ги убиваат во најтешки маки, велат активистите од групата „Бездомни животни“.

Од групата на луѓе, љубители на животни велат дека имаат сознанија за поединците кои ги труеле кучињата, кои ќе се предочат на институциите доколку се обезбедат докази. Во насока на подобрувања на состојбите тие се обидуваат заедно со фирмата која доби тендер од општината со обврска да ги стерилизира бездомните кучиња, на тој начин да ја намалат агресивност на машките кучиња, како и да се намали бројот на бездомните животни.

Back to top button
Close