Активистот на Левица бил повикан во полиција поради „омаловажување државен орган

МВР излезе со свое објаснување, посочувајќи дека И.Ј. е повикан на разговор врз основа на член 13 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир

МВР излезе со свое објаснување во врска со активистот на Левица од Прилеп, откако претседателот на оваа партија, Димитар Апасиев, објави на Фејсбук дека Иван Јованоски е повикан на разговор во полиција по инцидентот на 11 Октомври на Могилата на непобедените.

Според МВР, И.Ј. (32) е повикан на разговор поради омаловажување државен орган.

Во Полициска станица – Прилеп денеска е повикан И.Ј. (32) од Прилеп, врз основа на член 13 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир. Тој е повикан поради омаловажување државен орган, односно омаловажување или навредување службено лице на државен орган или друга институција која врши јавни овластувања во вршење на службата-соопшти МВР.

Јованоски е еден од десетината активисти на Левица кои на 11 Октомври застанаа пред споменикот во Прилеп и им го попречија патот на државните делегации кои требаше да положат цвеќиња. Тој му дофрлуваше на премиерот Зоран Заев дека треба да оди да слави во Бугарија и дека тука не му е местото, по што Заев му одговори да оди на психијатар.

 

Back to top button
Close