Активни два шумски пожари во Грција

Два шумски пожари се активни во Грција, на две различно локации, а интервенираат речиси 80 пожарникари, јави дописничката на МИА од Атина.

Во близина на местото Лутраки на Пелопонез, по копно и од воздух, во тек е гаснењето на шумскиот пожар, а според грчките медиуми, превентивно бил евакуиран камп со околу 40 деца.

Во справувањето со огнените јазици учествуваат 46 пожарникари со 17 возила, еден пешадиски тим, два авиони и два хеликоптери.

Вториот пожар е во западното атинско предградие Аспропиргос, а во гаснењето вклучени се 33 пожарникари со 13 возила и еден пешадиски тим.

Паралелно, под контрола е ставен пожарот што рано утрово изби во Вари, јужното предградие на Атина, а превентивно беа евакуирани  СОС детското село и Дом за стари лица.

Back to top button
Close