Активни пожари на повеќе локации во Грција

 Од копно и воздух, грчките пожарникари се справуваат со пет пожари во цела Грција, од кои три се на различни локации на Пелопонез, еден на Крит и еден во централниот дел на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

На Пелопонез, во близина на античка Олимпија изби шумски пожар во кој интервенираат 34 пожарникари со 14 возила, еден пешадиски тим, еден хеликоптер и два авиони, а на полуостровот сѐ уште не е ставен под контрола големиот пожар во близина на Коринт, каде што превентивно беа евакуирани неколку населби и детски камп.

На островот Крит, во гаснењето учествуваат 36 пожарникари со 13 возила, два пешадиски тима и еден хеликоптер и два авиони, а според локалните медиуми, пожарот е во близина на населено место.

Пожар, но од помали размери има и во централниот дел на земјата.

Силниот ветер во повеќе делови на Грција, дополнително го отежнува ставањето под контрола и гаснењето на пожарите

Back to top button
Close