Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува дека до 8 часот на територијата на државава се евидентирани три активни пожари.
Како што објави ЦУК, активен е пожарот во прилепското село Бешиште каде што гори приземна квалитетна мешана шума.
Во село Црешнево, месност Церо Поле, во општина Македонски Брод, активен е пожар во деградирана дабова шума и грмушки.
Не е изгаснат и пожарот во општина Чашка под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка. Пожарот е шумски, во моментов, посочува ЦУК, нема активен пламен, туку само чад во карпест предел