Алармантно: Во европските производи од житарки има 100 пати повеќе „вечни хемикалии“ од водата од чешма

Високи нивоа на таканаречени „вечни хемикалии“ што не можат да се разградат во природата се пронајдени во производи од житарки во многу европски земји, според нова студија.

Како што е наведено во истражувањето на организацијата Европска акциона мрежа против пестициди (PAN), во овие производи се пронајдени 100 пати повисоки концентрации на трајни хемикалии (Pfas) отколку во водата за пиење од чешма, објави Гардијан.

Највисоко ниво е забележано во житарките што се јадат за појадок, а студијата покажа дека трифлуорооцетната киселина (TFA) се формира кога пестицидите што содржат Pfas продираат низ почвата во зрната од кои се прават тестенини, леб, слатки и други производи од брашно.

„На вечните хемикалии“ им е потребно да се разградат по стотици, па дури и илјадници години, што значи дека ако влезат во вода или почва, можат да останат таму со векови.

Овие супстанции имаат штетно влијание врз здравјето на луѓето, а новите студии покажуваат дека овие хемикалии можат да бидат поврзани со рак, како и потенцијално да ги оштетат репродуктивните функции, развојот на фетусот и да имаат негативни ефекти врз тироидната жлезда, црниот дроб и имунитетот.

Активистите ги повикаа владите да постават многу порестриктивни нивоа на овие супстанции, како и да го забранат пестицидот PFAs.

Студијата анализирала 65 житни производи во 16 европски земји, а присуството на TFA киселини е откриено во 81,5 проценти од тестираните примероци.

Највисоки нивоа се пронајдени во ирските житарки за појадок, следуваат белгискиот и германскиот леб од цело зрно, како и француските багети, но и во производи како што се шпагети и колачи со сирење.

„Сите луѓе се изложени на TFA супстанции преку храната и водата за пиење, а нашите наоди укажуваат на итна потреба од итна забрана на PFA пестицидите за да се спречи понатамошното загадување на синџирот на исхрана“, рече функционерката на PAN, Саломе Роанел

Back to top button
Close