Албанија: Бројот на заразени со Ковид-19 ја надмина бројката од две илјади

Со новодијагностицираните 52 случаи со Ковид -19, во последното деноноќие, во Албанија бројот на заразените ја надмина бројката од две илјади.

-Во последното деноноќие извршени се 328 тестови на сомнителни случаи, при што позитивен резултат е добиен кај 52 од нив, главно нови случаи, како и контакти со веќе заразени лица. Со тоа вкупната бројка на заразени се зголеми на 2.047 лица. Во исто време во списокот на оздравени се впишани 36 граѓани или 1.195 од вкупно заболените,информираше Министерството за здравство и социјална заштита.

Вчера попладне битката со опасниот вирус ја загуби уште еден пациент, со што вкупната бројка на починати е 52 лица.

Активни на болеста се 807 лица, главно во Тирана или 374, Драч,152 и Скадар,124 активно болни.

Според Министертвото, освен трендот на раст на новозразени се зголемува и бројот на лицата на кои им е неопходно болничко лекување,на кое се 81 пациент, од нив 11 на интензивна терапија.

Министертвото го повторува апелот за строго почитување на препораките, одржување физичка дистанца и лична хигиена, носење заштитна маска и избегнување групни собирања.

Од почетокот на пандемија во земјата направени се 24.020 тестови.

Back to top button
Close