Албанија ќе бара издвојување од Македонија ако не се отворат преговорите за 6 месеци

Во своето годишно обраќање, премиерот на Албанија, Еди Рама говореше и за интеграцискиот процес на земјата, оценувајќи дека Албанија стана заложник во процесот по бугарското вето за Македонија.

– Во евроинтеграцискиот процес работите се јасни и се наоѓаме во апсурдна ситуација поради ветото на Бугарија. Ако Бугарија стави вето во првите шест месеци од следната година, ќе бараме издвојување од Северна Македонија. Нашите оценки во однос на овој процес растат, две важни компоненти се чекорите што почна да ги презема правосудниот систем, особено Специјалното обвинителство, кое не е политички обвинител ниту на левицата, ниту на десницата, туку обвинител за борба против криминалот – рече Рама.

Back to top button
Close