Албанија и Србија ремизираа во Тирана

Натпреварот кој привлече најголемо внимание од денешните во квалификациите за Светското првенство 2026 одигран во Тирана меѓу Албанија и Србија заврши нерешено 0:0.

Во 45+2 минута, албанскиот напаѓач Рај Манај промаши пенал. Српскиот голман, Ѓорѓе Петровиќ, го одбрани ударот во долниот лев агол од својот гол.

По 3 натпревари, Албанија е на 2. место во Групата К со 4 бода. Србија е на 4. место со 1 бод од еден натпревар. Лидер на табелата е Англија со максимални 9 бода.

Резултати на другите денешни натпревари од квалификациите за пласман на фудбалскиот Мундијал следната година:

Босна и Херцеговина – Сан Марино 1:0

Андора – Англија 0:1

Малта – Литванија 0:0

Австрија – Романија 2:1

Финска – Холандија 0:2

Back to top button
Close