Албанија последна во Европа по бројот на тестови за коронавирус, Мета побара итно зголемување

 

Албанскиот преседател Илир Мета ја изнесе загриженоста поради тоа што неговата земја е последна во Европа по бројот на направени тестови за Ковид-19, според бројот на жители.

Тој додаде дека зголемувањето на бројот на тестови денес е ургентна потреба повеќе од кога било, бидејќи бројот на заразени е загрижувачки.

„Многу е загрижувачки што Албанија е последна во Европа по бројот на направени тестови. Тестирањето е основна активност затоа што го отвора патот за следење и лекување засновано на дијагноза. Светската здравствена организација е многу јасна од самиот почеток на пандемијата парачувајќи: Тестирање! Тестирање! Тестрање!“, напиша Мета на Фејсбук.

Тој вели дека ова барање е поургентно денес од кога било затоа што „случаите на заразени лица, во споредба со април, се зголемија за над 11 пати“.

Во континуитет и познати албански епидемилози бараат да се прават од 2.000 до 2.500 тестови деневно, но досеега највисока бројка на дневно направени тестови е нешто повеќе од 1.400 и тоа во овој месец. Претходно во просек дневно се правеа по 400 тестови.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close