Албанија со потерница го бара Билал Кара, еден од сопствениците на „Санте Плус“ и македонски конзул

t

Албанските медиуми вчера објавија дека со потерница се трага по 45-годишниот албанско-турски бизнисмен, Билал Кара.

Тој се бара поради сомнежи за злоупотреби направени преку приватната клиника „Интернешнл Медикер“, поранешна „Санте Плус“, лоцирана во Албанија.

Кара, кој е еден од сопствениците на Клиниката, пред две години беше именуван за почесен конзул на Македонија во Република Турција, со седиште во Измир.

„Клиниката беше блокирана откако наводно не пријавила профит во вредност од 1 милион евра. Исто така, за време на проверките, полицијата откри дека оваа клиника давала лекови кои биле со истечен рок или шверцувани производи. Исто така, кај пет вработени беше утврдено дека се неосигурани,објавија албанските медиуми.

Под групацијата „Санте Плус“ во Македнија се и болницата ВФП Поликлиник во Скопје и Европската очна болница.

Back to top button
Close