Албанија: Тестирање за Ковид-19 во приватни установи, но само за оние кои патуваат надвор од земјата

– Техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата, дозволи вршење на молекуларни тестови РТ-ПЦР за САРС-КОВ-2 во приватни лаборатории од, како што се наведува, административни причини.

Но,според одлуката, дозволено е тестирање само за оние лица кои имаат барање за документ, со кој се потврдува дека не се заразени со опасниот вирус, за да може да патуваат во странство на одмор или кога тоа го бара друга земја.

Во кои приватни лаборатории ќе може да се прават тестови треба да одлучи Министертвото за здравство и социјална заштита, согласно одобрена постапка, услови и стандарди кои гарантираат безбедност и квалитет на лабораторијата, на тестовите и методите кои се применуваат.

При спроведување молекуларни анализи, само од административни причини, приватните лаборатории должни се да објавуваат резултати за извршените тестови на 24-часовна основа. Имаат обврска веднаш до го информираат Институтот за јавно здравје за позитивните случаи.

Од почетокот на пандемијата,в о почетокот на март, во Албанија, во чии државни институции капацитетот е 500 тестови дневно, направени се 37.875 тестови, позитивен резултат е добиен кај 4.570, оздравени се 2.608, починале 128, додека активни на болеста се 1.834 лица.

Back to top button
Close