Албанија: Власта и опозицијата со меѓународен притисок постигнааа согласност за изборната реформа

Синока во Тирана власта и опозицијата постигнаа согласност за изборната реформа . Согласноста дојде со посредување на амбасадите на САД и ЕУ во Албанија , бидејки пред стартот на преговорите владеачката Социјалистичка партија и опозиционата Демократска партија има многу спротивставени ставови за изборната реформа .

Престставниците на политичлките партии соопштија дека е постигната спогодба која овозможува демократски и коректни избори во земјата . Договорено е изборните комисии да останаат со членови на политилките партии а не се деполитизирани членови како што бараше власта додека пак опозицијата попуштила и го профатила барањето на партиите на власт на изборите да се применува биометричката идентификација .

Премиерот Еди Рама изрази задоволство од постигнатата спогодба и нагласи дека важно е што опозицијата прифатила да влезе во избори со оваа реформа . Лидерот на Демократската партија Лулзим Баша нагласи дека попуштањето на двете политичски страни е во интерес на граѓаните .

Американската амбасадорка во Тирана Јури Ким изјави дека со постигнатата спогодба победила Албанија , а според неа постигнатиот договор дошол како израз на војла на двете опции да попуштат во своите ставоици во интерес на државата и изборите . Слична е и изјавата на амбасадорот на ЕУ во Тирана Луиги Сореца кој додаде дека со изборната реформа ке се организирата коректни избори и со оваа реформа Тирана фактички е поблиску до ЕУ, бидејки и реформата била дел од барањата на ЕУ за да Албанија ги започне преговорите за членство во ЕУ.

Се оценува дека овој документ потпишан од двете страни видно ке ја намали политичката тензија во земјата ,која веке три години има големи недоразбирања на власта и попзицијата што предизвикуваше бројни протести .

К. Мимидиноски

Back to top button
Close