Албанска актерка го тужи Рама за кражба на нејзиното лице и глас за создавање „виртуелна министерка“
Албанската актерка Анила Биша поднесе тужба против албанската влада за тоа што не дозволила користење на нејзиното лице и глас при создавањето на Дијела, министерка создадена со помош на вештачка интелигенција

Премиерот Еди Рама ја претстави Дијела во септември 2025 година, наведувајќи дека таа е министерка дизајнирана со вештачка интелигенција за да биде неподмитлива и ефикасна во државните набавки.
Оттогаш, Дијела стана позната како првата виртуелна министерка во светот.
Анила Биша тврди дека нејзиниот договор со властите ја вклучувал само платформата е-Албанија и дека тој истекол на 31 декември, и дека нејзиното лице и глас се користат без дозвола.
Актерката го тужеше Советот на министри, лично Рама, приватната компанија со која имала договор и Националната агенција за информатичко општество (NAIS), тврдејќи дека тие продолжиле нелегално да ја користат нејзината слика и глас, нанесувајќи ѝ „непоправлива штета“.
Биша, исто така, побара владата да престане да ја користи нејзината слика додека случајот не се реши. Нејзината тужба беше објавена од локалните медиуми, објавува Политико.
Актерката во септември минатата година откри дека снимила видео и аудио материјал за е-Албанија, но со ограничена употреба и рок на траење, и дека не дала дозвола тој да се користи за други цели.






