Албанската опозиција со критики за завршениот попис  

Aлбанската опозиција има голем број забелешки за завршениот попис на населението и домаќинствата. Според Алијансата за Албанците и Алтернатива, постојат недоследности во податоците за домаќинствата и за дијаспората.

Според нив, во податоците од Заводот за статистика на Германија е наведено дека до крајот на 2020 година во таа земја живееле 128 илјади државјани на Македонија.

Од Алијанса – Алтернатива бараат да се разјасни колку граѓани на Македонија имаат германско државјанство, но и колку наши граѓани заминале во Германија со бугарски пасоши.

Според албанската опозиција, има проблем и со други аспекти во пописот затоа што се покажува дека над 41 процент од семејствата имаат повеќе од еден стан.

 

Back to top button
Close