Албанската влада ќе го обештети со 100 илјади евра поранешниот генерален директор на полицијата Гледис Нано, за незаконско разрешување

Поранешниот генерален директор на албанската државната полиција, Гледис Нано, конечно ја доби битката со владата во врска со неговото разрешување од функцијата во август 2022 година.

Управниот апелациски суд пресуди во корист на Нано, што е конечна пресуда, потврдувајќи ја одлуката на првостепениот суд, кој го сметаше неговото разрешување од функцијата за незаконско.

Со тоа, владата треба да му исплати 60 плати за 5 години како директор на полиција, вредност што вкупно се проценува на околу 100 илјади евра.

Нано се смета за врвен полициски службеник, кој покрај другото беше најзаслужен за преземање на жени и деца на албански припадници на ИСИС, од камповите во Сирија.

Беше разрешен на 31 август 2022 година, поради “не постигнати резултати”, по предлог на тогашниот министер за внатрешни работи Бледи Чучи.

Премиерот Еди Рама, тогаш даде сосема друго образложение, велејќи дека “Гледис Нано му кажал дека ќе поднесе оставка, и оти тоа ја натерало владата да го разреши”.

Back to top button
Close