Албански медиуми: Заев победник на изборите, успех и за Албанците со 29 пратеници во Парламентот
– Албанските медуми, кои во континунтет информираат за предизборните и изборните активности во нашата земја, посебен простор отстапија и за прелиминарните изборни резултати.
„Заев прогласи победа“, „Заев победник на изборите, успех и за Албанците со 29 пратеници во Парламентот“, „Ахмети обезбеди 100.000 гласови“, „Ахмети и Заев во владина коалиција?“„Избори во пандемија, но најдемократски“, се само дел од насловите на албанските медиуми во информаците кои ги објавуват претпладнево.
-Социјалдемократскиот сојуз прогласи победа на вчерашните избори, а тоа официјално треба да го потврди и Државната изборна комисија денеска. Успех на Албанците кои обезбедија 29 пратенички места во новиот парламент на нашит источен сосед. Кај Албанците најголема подршка и натаму има ДУИ, која најверојатно повторно ќе биде владин коалициски партнер на СДСМ. Први избори во пандемија, но демократски и фер, со почитување на протоколите, е кусиот приказ од пишувањата на медиумите.
Сите без исклучок пренесуват дел од обраќањето на лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ДУИ, Али Ахмети.
-Коалицијата „Можеме“ е победник на изборите и волјата на народот беше потврдена за сигурна иднина, економски патриотизам, владеење на правото. Патот напред беше потврден. Рековме НЕ на ризикот. Граѓаните ги препознаа вистинските вредности, тие ни дадоа доверба. Концептот на интеграција го порази концептот на изолација, е дел од изјавата на Заев која ја пренесуваат медумите.
-Орелот се врати. Оваа победа на ДУИ е победа на Албанците и со оваа победа ниту еден Албанец нема да загуби. Се покажавме како најуспешни во сите области и така ќе биде и натаму. Албанците нема да бидат разочарани од нас. Благодарен сум што имав можност да ги објавам најдобрите вести за Албанците и апсолутната победа, пишуваат албанските медиуми пренесувајќи дел од изјавата на Ахмети.
Исто така, пренесуваат и преглед на бројот на добиени гласови, проценти и број на освоени мандати по коалиции и партии. вт/сст/