Албанскиот министер за Европа и надворешни работи Игли Хасани во посета на Македонија

Албанскиот министер за Европа и надворешни работи Игли Хасани денеска ќе престојува во посета на Македонија. Домаќин му е министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, а, како што е најавено, посетата ќе се реализира во Охрид и Струга.

Пристигнувањето и пречекот се предвидени за рано утрово во вила „Охрид“, по што е закажана тет-а-тет средба меѓу министрите Муцунски и Хасани. Двете делегации потоа ќе имаат и работен појадок.

Двајцата министри ќе присуствуваат на церемонијата за свечено отворање на Генералниот конзулат во Струга

Back to top button
Close