Албанскиот претседател Мета даде зелено светло за новата влада – Рама 3

Албанскиот претседател Илир Мета денес даде зелено светло за составот на новата владата на социојалистите предводена од преемиерот Еди Рама .  Кабинетот на Мета информираше дека албанскиот претседател го потпишал указот со кој се профаќаат сите предложени членови на владиниот кабинет на владата Рама 3 . Претходно Мета побара од Јавното обвинитество и Специјалното обвинителство – СПАК информации дали некој од предложените членови на владата Рама 3 имаат проблеми со законот .

Со овој указ на албанскиот претседател Мета , фактички Еди Рама ке положи заклетва  во кабинетот на претседателот на државата , но претходно се очекува да се изгласа од страна на Собранието кад еке биде преѕентирана и програмата на вчадата Рама – 3. Бидејки левицата победи на изборите одржани на 25 април и има доволно гласови гласањето според албанскиите аналитичари ке биде само формално .

Новата албанската влада Рама 3, покрај премиерот Еди Рама има  16 министри .  Арбен Ахметај е единситвен заменик премиер и државен министер за обнова и програма за реформи , а министер за Европа и надворешни работи е Олта Џачка . Министер за внатрешни работи е Бледар Чучи  , министер за одбрана Нико Пелеши.

К. Мимидиноски

Back to top button
Close