Албанските медиуми за денешните избори кај нас

Албанските медуми, без исклучок отстапуваат простор за денешните вонредни парламентарни избори во Северна Македонија, кои, како што посебно акценираат, се спроведуваат во услови на пандемија и минуваат без никаков проблем.

-Граѓаните на Северна Македонија според посебни протоколи денеска го остваруват граѓанското право да гласаат и да ги изберат новите пратеници во 120-члениот законодавен дом. Гласањето почна точно во 7:00 часот а завршува, за првпат, во 21:00 часот, поради актуелната епидемилошка состојба. Изборниот тек минува во фер и демократска атмосфера, пренесува Топ-чанел телевизија.

Медиумите наведуваат дека за првпат во земјата се гласа три наместо еден ден, посочувајќи при тоа и бројки на гласачи.

-Во Северна Македонија, каде изборите за првпат се спроведуваат три дена, почнаа во понеделникот со гласањето на заболените со Ковид-19 и оние во самоизолација, вчера гласаа болните, изнемоштените и осудените лица, додека денеска сите други граѓани, наведува агнецијата Балкан веб.

Телевизија Ора њуз, дава прглед на учесниците на изборите „15 политички партии и коалиции, а во трка за пратенички мандат се 1.578 кандидати. Од вкупниот број 675 или 42,78 отсто се жени додека 903 ил 57,22 отсто се мажи“.

Потсетува дека предвремените парламентарни избори требало да се одржат на 12 април, но „поради пандемијата тие се одложени и по многу разговори постигнат е договор меѓу политичките партии за 15 јули“.

Топ-чанел наведува дека Министерството за внатрешни работи има ангажирано околу 6.000 припадници кои се грижат за безбеден изборен процес.

Back to top button
Close