Албанските опозициски пратеници не исклучуваат штрајк со глад поради „изборните манипулации

Албанската Демократска партија не ја исклучува можноста актуелните пратеници,  да штрајкуваат со глад како форма на протест против налинот на спроведување на изборите на 11 мај.

По пленарната седница, прва по прекин  на работата на Парламентот, поради изборите, на новинарско прашање: дали штрајкот со глад е опција, Бериша одговори дека  „сите форми на отпор се прифатливи“.

Претходно, пред почетокот на  седницата, Бериша изјави дека опозицијата има само една стратегија, враќање на слободното гласање на Албанците.

-Стратегијата на опозицијата е да ја претставува праведната кауза на Албанците за слободен глас. Има само една стратегија, има само една цел, враќање на слободниот глас на Албанците во услови на нарко-држава целосно доминирана од најмоќните картели во Европа, рече Бериша.

На изборите, од 140 пратенички места, колку што брои законодавниот дом,  изборната коалиција предводена од Демократите обезбеди 50 а социјалистите 83 места.

Опозицијата поднесе многу приговори, дел отфрлени а  дел  сеуште се разгледуваат, поради што Централната изборна комисија сеуште ги нема соопштено официјалните резултати.

Мандатот на актуелниот состав завршува на 31 август а конститутивната седница на новиот треба да се одржи на 8 септември.

Back to top button
Close