Албин Курти со порака за промени и поддршка за коалицијата на Села и Гаши на изборите

Драги пријатели, Дами и господа, мои албански собародници од Република Северна Македонија,

Ви се обраќам преку видео затоа што не можев да ве посетам во Скопје поради рестриктивните мерки. Не можеме да се сретнеме физички, но можеме да комуницираме и да останеме блиски.

За албанците на Северна Македонија, некој што не ја познава историјата на Албанците, би можел да помисли дека само мал, незначаен дел.

Но, тие биле во првите редови на сите наши национални процеси. Многу млади луѓе од Северна Македонија ги дадоа своите животи за слободата на Косово. Потоа многу други се бореа во Македонија, заедно со млади луѓе од Косово и други албански визионери, за сон кој денес се чини заборавен. Но, не ги забораваме нашите маченици. Ниту нивните идеали. Идеалите не умираат.

Ние што ја пееме песната на Ајредин Паша, ја знаеме приказната за Дервиш Цара и неговото востание од 1844 година, кое по три децении доведе до создавањето на Призренската лига. Бараа автономија на Албанците во империјата, како што им се даде на Србите. Овој проект на независност, започна во околината на Тетово и Дебар, а потоа и од Скопје до Скадар. Потоа дојде Призренската лига.  Меѓу многуте учесници во Призренската лига од територијата на денешна Северна Македонија, Мустафа од Тетово, Јашар од Скопје и Хасан од Тетово. Синот на вториот, Мехмет се борел во сите битки на Призренската лига.

Мехмет Дерала тогаш стана првиот министер за одбрана, во владата на Исмаил Ќемали во Валона.

Тогаш се појавија и првите преродбеници и учители кои го ширеа албанскиот јазик и писменост. Меѓу кои Јашар Еребара од Скопје, Ибрахим Темо од Струга, Дервиш Хима од Струга, и албанскиот поет на националната ренесанса од Горна Река, Јосиф Багери. Да не го заборавиме извонредниот придонес на семејството Ќиријази од Битола, Ѓерасими и Ѓерѓ, пионери на албански јазик, но особено нивните сестри, можеби најистакнатите жени на нашата ренесанса: Парашќеви Ќиријази, единствена жена која учествувала на битолскиот конгрес кога се кодифициралс албанската азбука, потоа и нејзината сестра, Севасти Ќиријази.

Голем дел од потписниците за независност на Албанија потекнуваат од дебешна Северна Македонија. Мустафа Барути, Нури Сојлиу, Миртеза Али, Дервиш Хима. Еве уште еден куриозитет, првиот шеф на исламската заедница на Албанија, веднаш по независноста, беше од Македонин.  Во Валона рече дека ”Христијаните и Муслиманите се неразделни Албански браќа” со што стави печат на нашата национална реалност, соработка меѓу верниците од различни религии, вредност што ја почитуваме и со која се гордееме. Азбуката со која денес пишуваме албански, ја научивме во Битола. Голем број писатели на Северна Македонија  се Албанци кои дал голем придонес за албанската, историската и современата литература. Го спомнувам Хаки Стермил кој со книгата “Ако бев момче” ја отвора важната тема за страдањето и дискриминација на жените, за што политиката уште има многу да прав. Потоа тука се и сликаритр, големиот Абдурахим Луза, Сабри Фетаху и Омер Калеши. Многу пејачи и поети, професори и критики, научници.

Да и спортските исто така. Целиот свет знае дека првиот Албанец кој доби златен медал на Олимпијадата беше Шабан Тарстена од Скопје. Второ, нашата  Мајлинда од Пеќ. Двајцата нобелисти, Мајка Тереза, и доктор Ферид Мурад, доаѓаат од С.Македонија. Значи, има голем потенцијал во вас. Заедно со Албанците на Црна Гора, Долината на Прешево, Косово, дијаспората, и секако Албанија, сте срцето на нашата култура и нација. Но, за да може албанската ќерка и син да го изрази потенцијалот му требаат некои основни услови. Овие услови не можат да се исполнат таму каде што има дискриминација и нееднаквост. Кога ја видов заедничката програма на Алијансата за Албанците и Алтернатива, како прва точка на програмата и како исклучително важна тема е државата за сите и целосна еднаквост. Албанците треба да бидат присутни насекаде. Законите го даваат ова право, не треба да се дозволи да се негираат или да се злоупотребуваат. Ние сме мирољубив народ. Но, тоа не значи дека треба да опстојуваме, без правда и во корупција, без образование и култура, без здравство, без работа и во сиромаштија. Нееднаквоста мора да се порази во сите свои форми, од сите нас, каде и да сме. Затоа, ми се допаѓа што моите пријатели, Зијадин Селан и Африм Гаши, си подаваат рака. Знам дека го правите ова за да ги потсетите гласачите на бројот пет, кој е вашиот број на овие избори. Да се надеваме дека оваа ваша поздравна рака е добрата рака, време е за албанска рака која работи, која е  пријателски настроена кон секој кој ја сака правдата, која ја запира неправдата.

Ви посакувам успех на изборите на 15 јули. Да го иставиме минатото зад себе, да се свртиме кон иднината, затоа што ни требаат промени, развој и демократија. Поддржете ја промената, и ве потсетувам уште еднаш, не сте сами. Ние сме заедно. Никогаш нема да бидете сами.

 

Back to top button
Close