Алек Болдвин и тимот на филмот „Раст“ добија тужба од семејството на Хаинс, која беше застрелана од Болдвин на снимањето

Актерот Алек Болдвин кој минатата година во октомври ненамерно ја застрела директорката на фотографија Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза со куршум од пиштол-реквизит, заедно со неговиот тим добија тужба од семејството на Хаинс.

Адвокатот на семејството соопшти дека тимот на филмот „Раст“ каде настрада Хачинс ги прекршило сите правила за безбедност на сетот. Семејството бара надомест за претрпена болка и загуба, во име на синот на Хачинс Метју.

Во тужбата се наведува дека не се најдени докази за саботажа на снимањето. Болдвин изјави дека очекувал тужба од семејството по трагичниот настан.

„Според истражителите, се чини дека снимањето на сцената содржело употреба на реквизит-огнено оружје кога било пукано“, пишуваше во соопштението по несреќата. „Детективите истражуваат како и кој вид проектил бил испукан.“

Хачинс била пренесена со хеликоптер во болницата на Универзитетот во Ново Мексико, каде што била констатирана смрт, додека Соуза со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во регионалниот медицински центар, пренесува Си-ен-ен.

Портпаролот на Болдвин рече дека имало несреќа на снимањето, во која дошло до грешка при пукање од пиштол со ќор-фишеци.

Back to top button
Close