Александар Николоски избран за потпретседател на Европската народна партија во ПС на Совет на Европа

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска на првиот ден од зимската сесија на Парламентарното Собрание на Совет на Европа, која се одржува во хибриден формат, поради пандемијата, е избран за потпретседател на групата на Европската народна партија во ова Парламентарно Собрание.

Како што соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ, овој избор значи дека Николоски ќе биде еден од лицата кои ќе координираат со работата на Европската народна партија во ПС на Совет на Европа. Покрај Николоски на оваа значајна позиција избрани се и Бернард Фурние од Франција сенатор со најдолг стаж една од најзначајните фигури на француската политика, Дора Бакојани од Грција, поранешен министер за надворешни работи, Улрих Вокер од Германија, Луис Рамос од Португалија и Ингерд Шо од Норвешка.

– Николоски во својот ангажман секогаш ќе стои во промоција и одбрана на интересите на Македонија, како и на националните и јазични малцинства во регионот, како и правото на македонците на самоопределување во сите балкански држави, како што тоа го правеше и во минатото, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ЕПП е најголема политичка сила во Европа, со најмногу пратеници во Европскиот Парламент и во ПС на Совет на Европа, како и најмногу премиери и претседатели на држави, а од ЕПП доаѓаат и првите луѓе на Европската Унија, пред сѐ, претседателката на Европската Комисја, Урсула фон дер Лајн, стои во соопштението.

Зимската сесија на Парламентарното Собрание на Совет на Европа ќе се одржи во периодот од денеска до 28 јануари во хибриден формат заради состојбата со корона пандемијата.

 

Back to top button
Close