Алексовски запрен во полуфинале на турнирот во Белгија
Младиот македонски тенисер Марко Алековски е запрен во полуфиналето турнирот „Young Champions Cup“ што се игра во белгискиот град Вилријк. Поуспешен од него беше тенисерот од Тунис Лејт Бенасер кој оствари победа од 2-1. Првиот сет му припадна на Алексовски со 6:3 во гемови, но следните два ги доби противникот со 6:2 во гемови.
Турнирот е за играчи до 14 години, а Алексовски е дел од тимот на ИТФ Тенис Европа кој е финансиран од „Grand Slam Development Fund“.
Алексовски пред овој турнир имаше настап и на турнир во Германија, а во периодот што следи ќе настапи и на два турнира во Шпанија.