Али Ахмети: Ако Македонија не влезе во ЕУ, тогаш некои ќе одат со Бугарија, некои со Албанија
Али Ахмети од Тетово испрати порака до премиерот Христјан Мицкоски, објави 4NEWS.mk
Ахмети рече дека ако Северна Македонија не продолжи по патот кон ЕУ, граѓаните на оваа земја нема да имаат друг избор освен некои да се приклучат кон Албанија, а некои кон Бугарија.
„Затоа, не ги хранете со омраза нашите сограѓани, бидејќи не се Албанците кои ја земаат државата, ниту Албанија, ниту Бугарија. И Албанија и Бугарија се во ЕУ, а ние каде ќе бидеме?“, рече Ахмети.