Али Ахмети: Пријателството со САД, ЕУ и со соседите не смее да биде загрозено

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на својот Фејсбук профил објави дека пријателството со САД и Европската унија, но и со земјите од регионот е без алтернатива и под никакви околности не смее да биде загрозено.

„Денес преовлада и се зголеми свеста за заедничките достигнувања, за слободата, еднаквоста, правдата, добрососедството, за евроатлантската ориентација на нашата земја и за сигурната прозападна иднина. На нашата земја и треба поголема безбедност, поголема стабилност и целосна политичка предвидливост. Овде не може да има место за оние кои го негираат Охридскиот и Преспанскиот договор, добрососедството но и НАТО, Европската Унија, Република Косово, албанскиот јазик. Како што Ви реков, нема да постапуваме ниту со емоции ниту со еуфорија. Засекогаш заедно! – напиша Ахмети на својот Фејсбук профил.

Back to top button
Close