Алијанса: Колективните права на Албанците зависат од бројките на пописот

Премиерот Зоран Заев одамна го загуби допирот со реалноста и неговите изјави не само што не можат да се земат како точни, туку претставуваат вознемирувачки аларм за тајните планови на Владата на СДСМ-ДУИ, реагираат од Алијансата за Албанците на изјавата на Заев дека правата на Албанците не зависат од бројките на пописот.

-Колективните права на Албанците зависат од бројките и тоа го вели Уставот, а пак Заев не е над највисокиот правен акт. Во меѓувреме, Артан Груби веќе докажа колку е лесно да се пазари на сметка на Албанците и тој најмалку  има право да зборува за унапредување на правата.
Ваквите изјави на двајцата владини лидери и лиферувањата со бројки дополнително предизвикаа сомнежи за тоа што се случува со пописот. Владата и Државниот завод за статистика мора итно да дадат оттчет и објаснување за тоа што се случува со страницата и базата на податоци за пописот, каква штета е направена од сајбер напаѓачите, дали е влијаено и над податоците од дијаспората и кој ќе биде одговорен за какво било мешање во бројките, велат од Алијансата.

Back to top button
Close